Докторот и директор на фармацевтската компанија „Нова Медика“, Захар Лејкин, изјавил дека коронавирусот поседува единствено својство – наиме РНК вирусите, во кои што спаѓа и Ковид-19, многу брзо мутираат.
„Не постои ниту еден циклус на репликација на вирусот кој што го репродуцира истиот вирус. Секој циклус е нова мутација“ – изјавил Лејкин.
Според неговите зборови, вирусните честички не се повторуваат при генерациите ќелии. Кога кинеските доктори предале неколку слоеви од вирусот (околу 10), кои што ги издвоиле во текот на епидемјата во нивната земја, во нив веќе имало 149 мутации.
Докторот објаснува дека меѓу дивите животни циркулираат неколку 100-ци слоеви од коронавирусот и околу 40 меѓу човечката популација.
„Кога станува збор за сезонските зарази, 15 отсто од предизвикувачите се коронавирусите“ – истакнува докторот и додава дека групата вируси предизвикуваат тешко воспаление на белите дробови.
„Коронавирусот има способност да го разменува својот генетски материјал помеѓу честичките. Тоа е таканаречена рекомбинација. Не само што ги разменува слоевите кај луѓето туку тоа го прави и кај дивите животни, каков што беше случајот во Кина“ – појаснил д-р Лејкин.