За лансирањето на поевтиниот iPhone, со име SE2 или 9, се зборува веќе навистина долго. Во последните месеци се интензивираа гласините и неофицијалните информации, но со откажување на настанот иницијално закажан за 31. март, се чинеше дека Apple ќе ја одложи и почетокот на продажба на овој модел. Сепак, 9to5Mac дознава дека тоа не мора да бде баш така.
Сајтот известува дека новиот iPhone би можел да се појави во продажба веќе следната недела, и покрај тоа што продавниците на Apple ширум светот се затворени, а глобалната продажба и малопродажба практично стои во место. Apple неодамна ги отвори своите фабрики, па можно е дека одредени количини на iPhone 9 се веќе произведени.
iPhone 9 case inventory arriving at Best Buy, other retailers with April 5 merchandising date https://t.co/qqnA0DgWGA by @ChanceHMiller pic.twitter.com/NE38sWj3DE
— 9to5Mac.com (@9to5mac) March 30, 2020
Изворите кои ги цитира 9to5Mac велат дека на американскиот синџир на продавници Best Buy и на некои други им пристигнуваат пратки на заштитни маски, на кои стои дека се наменети за iPhone со големина на екран од 4,7 инчи. Исто така, овие производи не смеат да се најдат во продажба до 5. април, па упатените во оваа проблематика велат дека тоа многу говори и за почетокот на продажбата на новиот iPhone.
Според досегашните информации, новиот iPhone би требало да пристигне во телото на iPhone 8, но со внатрешни компоненти и процесорот A13 Bionic од актуелната верзија 11. Би имале Touch ID и екран од 4,7 инчи, а покрај него би требало да се појави и Plus верзија – со исти перформанси, но во куќиштето на iPhone 8 Plus, со екран со дијагонала од 5,5-инчи. Цените би требало да се движат од 350 или 399 долари па нагоре.
Поврзани артикли