Компанијата која минатата година беше продадена на Google за две милијарди долари остави многумина да се прашаат каква ќе биде иднината на нивните производи. Сега е претставен првиот производ на компанијата FitBit под покровителство на Google, а се работи за фитнес нараквицата Charge 4.
Уредот во себе содржи GPS, NFC чип, компатибилност за Spotify и нов фокус, на активни минути во однос на вообичаените чекори. Active Zero Minutes е нива мерна единица која е направена со цел да мери дали во текот на неделата сте направиле 150 минути умерено вежбање, што го препорачуваат здравствените организации во Америка и остатокот од светот. Исто така, има и можност за паметен аларм – Smart Wake alarm, кој ве буди во оптималното најдобро време за вас.
Оваа нараквица во себе содржи и можност за плаќање со помош на NFC чип, а според објавата на компанијата, батеријата може да издржи до седум дена, што се наведува како прилично добро во однос на можностите кои ги има.
Fitbit Charge 4 во себе содржи повеќе од 20 модови за вежбање, а некои од поинтересните се GPS температурните мапи, така што можете да знаете кој дел од вежбањето ве напреднал повеќе отколку некој друг. Гаџетот чини 150 долари и доаѓа во повеќе бои.