Телекомуникацискиот оператор Huawei се приклучува на групата кинески компании кои донирале милион маски и заштитна опрема во европските земји, покажувајќи корпоративна „мека моќ“ во периодот на пандемијата, објави „Политико“.
Компанијата Huawei, која останува во центарот на жестока дебата за безбедноста на мрежата, донираше два милиони маски за лице, како и десетици компјутерски таблети за здравствените работници во повеќе европски земји, потврди портпаролот на кинеската компанија.
Нивната донација се приклучува на донацијата од Алибаба, кои неодамна го отвориле центарот, како и други кинески компании.
Овој бран донации од кинески компании оди заедно со напорите предводени од Пекинг за поддршка на земјите од ЕУ погодени од вирусот, но и покрај контроверзии околу безбедноста на мрежата 5G на Huawei.
Франција, Велика Британија, Полска, Холандија и други земји презедоа чекори за намалување на количината на опрема што Huawei ја користи во својата мрежа.
Поврзани артикли