Cadillac Escalade е синоним за луксуз на тркалата. Сега и скалило погоре
Пред нешто повеќе од месец дена Cadillac го претстави новиот Escalade, SUV предводникот во својата гама. Со 5,35 метри, тој нуди сè, дури и според американските стандарди, а нуди и верзија ESV, надградена верзија за најпребирливите. Со своите 5.766 метри и меѓуоскино растојанието од 3,40 метри, изгледа како куќа на тркала. А, кога веќе станува збор за луксуз, можете ли да замислите во автомобилот да имате 26 звучници и 38-инчен OLED екран?
Ако ова не е доволно луксузно за вас, Lexani Motorcars од Калифорнија лансираше луксузно теренско возило што веројатно ќе го задоволи апетитот на сите оние кои сакаат огромни автомобили.
Неговото име е Escalade Mobile Office и со него Lexani Motorcars покажува дека луксузниот теренец може да биде уште полуксузен. За овој автомобил се познати малку детали, но ако нешто може да се заклучи од фотографиите што се појавија на Instagram, луксузот е загарантиран.
View this post on InstagramNow accepting pre-orders on 2021 Escalade Mobile Offices ✈️ Inquiries: [email protected]
A post shared by Lexani Motorcars (@lexanimotorcars) on
На фотографиите се прикажани опшиени кожни седишта, кои се дел од традицијата на Lexani Motorcars, и ѕвезден таван, кој пак е своевиден заштитен знак на на Rolls Royce.
Во однос на изгледот, јасно е дека Lexani Motorcars го продолжиле возилото за да обезбедат висок стандард за комфор.
Од Lexani Motorcars велат дека возилото би чинело меѓу 250.000 и 450.000 американски долари, во зависност од сложеноста на интервенцијата што ја барала клиентот.
Извор: Додај Гас