Руската Федерална агенција за биомедицина направила препарат за лечење на коронавирусот врз основа на антималарискиот лек мефлокин, соопштила прес-службата на таа организација.
„Руската FMBA работеше врз основа на најефикасна и сигурна шема за спречување на коронавирусот врз основа на мефлокин, кој што ќе може да да го исконтролира овој вирус“ – соопштиле тие.
„Овој препарат ќе ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на ниво на ќелиите и ќе го спречи неговото размножување“ – се наведува.
Покрај тоа, имуносупресивното дејство на мефлокинот ќе блокира било какво воспаление кое што доаѓа по заразата од коронавирусот кај пациентите.
Со самото тоа, како што наведуваат од Агенцијата, овој препарат дава ефикасно лечење на пациентите кои што се заразени од кронавирусот во различни фази и стадиуми на боелста.