Долго веќе се појавуваат гласини за тоа дека Apple планира од Intel и x86 платформата да се префрли на ARM процесори. Компанијата дури и ангажираше специјалисти за ARM чипови, а судејќи според се, не е далеку објавата на првиот Mac компјутер со оие прилагодени процесори. Аналитичарите сугерираат дека првиот Mac со ARM технологија би можел да се појави следната година.
Минатиот месец, аналитичарот Минг-Чи Куо во своето истражување индицираше дека преминот на ARM заснованите Mac компјутери ќе го видиме во текот на првата половина на 2021. година. Сега истражувањето е дополнето со нови сознанија. Куо и натаму верува дека Mac уредите со ARM чипови ќе пристигнат следната година, а би требало да овозможат за 40 до 60 проценти пониска цена на процесорите на Apple.
Минг-Чи Куо истакнува дека Apple бил агресивен во своите напори на истражување и развој и дека се очекува ARM чипсет во 5nm процесот на производство. Чипсетот би требало да се појави на Mac уредите, iPhone и iPad моделите.
MacRumors известува дека очекува ASMedia да биде снабдувач на USB контролери за претстојните Mac компјутери засновани на ARM технологија. Исто така, првиот MacBook со ARM процесор се очекува во 2021. година, во текот на првото тримесечје, а би можел да биде претставен веќе кон крајот на оваа година.