Американската филмска компанија, Нетфликс создаде олеснителен фонф од 100 милиони американски долари за да им помогне на членовите на креативната заедница кои останаа невработени и без начин да заработат приход за време на кризата со коронавирусот.
Гигантот за стриминг на филмови и серии соопшти дека најголемиот дел од средствата ќе одат кон поддршка на членовите на отпуштените членови на филмските екипи.
„Кризата КОВИД-19 е погубна за многу индустрии, вклучувајќи ја и креативната заедница. Речиси целата телевизиска и филмска продукција сега престана на глобално ниво – оставајќи стотици илјади членови фрлени надвор, без работа “, рече Тед Сарандос.
„Овде се опфатени електричари, столари и возачи, од кои многумина се платени на час и работат на основа од проект на проект. Оваа екипа го поддржуваше Нетфликс во добрите времиња, и ние сакаме да им помогнеме во овие тешки времиња, особено додека владите сè уште не одлучиле каква економска поддршка ќе им дадат “, додаде тој.
Овој потег доаѓа откако индустријата за забава се бори со масовната невработеност.
Околу 120.000 членови ги загубија своите работни места откако пандемијата започна забрзано да се шири.
Синдикатите во САД започнаа да се мобилизираат со цел да ги заштитат правата на работникот кој е најзагрозен во овие периоди на пандемија.