Honor 30S ќе биде официјализиран на 30. март во Кина, а ќе претставува подостапен модел во 5G сегментот на компанијата. Официјалните рендери на телефонот сега се забележани на кинеската социјална мрежа Weibo, пред објавата на уредот.
Рендерите го покажуваат смартфонот во црна и зелена боја, а ги потврдуваат некои од функциите кои досега протекоа за уредот. Потврдена е 64MP камера, 3x оптичко зумирање, како и сензор за отпечатоци од прсти од страна.
Honor 30S рендерите укажуваат на четвртест камера систем во L-облик на задната страна, од кои едната камера го има споменатиот 64MP сензор. Од предната страна, телефонот има punch-hole камера во горниот лев агол.
Се очекува дека Honor 30S ќе има Kirin 820 5G чипсет, а AnTuTu бенчмарк платформата неодамна откри уште некои детали, како што се 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.