Со новиот редизајн, Google Podcasts има три нови табови: Home, Explore и Activity. Покрај тоа, апликацијата е достапна и за оние кои користат iOS.
Home табот е местото на кое се наоѓаат сите нови епизоди на подкастот на кои сте „претплатени“.
Кога ќе изберете одредена епизода, ќе ги видите и темите или луѓето за кои станува збор во тој подкаст . Оттаму, можете да започнете Google пребарувања ако сакате повеќе информации.
Во табот Explore ќе видите препораки за нови подкасти кои може да ги следите. Препораките се направени врз основа на оние подкасти кои веќе ги слушате, објави веб страницата Mashable.
Активноста ви овозможува преглед на историјата на подкасти, епизодите кои ги имате на плејлистата и оттаму можете да преземете епизоди за офлајн слушање.
Поврзани артикли