MSI претстави три нови монитори во рамките на својата Optix линија, а кои се наменети за гејмерите со нешто поплиток џеб, кои сакаат побрз гејмплеј.

Optix G241 и Optix G271 се разликуваат во однос на дијагоналите, односно првиот модел е 24-инчен, додека вториот има дисплеј од 27 инчи. Двата модела нудат 1080p резолуција, IPS панел со поддршка за освежување до 144Hz и 1ms одзив. Тука е и поддршката за AMD FreeSync, 250 нита осветлување. За конекцијата се задолжени 1x DisplayPort 1.2a и 2x HDMI 1.4b.

MSI Optix G241ќе биде достапен по цена од 190 долари, додека 27″ MSI Optix G271 ќе чини 240 долари.

Веројатно најинтересниот модел, за оние кои сакаат високи стапки на освежување е MSI Optix MAG251RX. Мониторот нуди 1080p резолуција, IPS панел, но со освежување до 240Hz. Одзивот останувс 1ms. Тука е и надградбата на Variable Refresh Rate (VRR) технологијата преку NVIDIA G-Sync поддршка. Исто така, присутна е и HDR 400 поддршка. Мониторот има и USB-C конекција, како и прилагодување на RGB осветлувањето со MSI Mystic Light софтвер.

MSI Optix MAG251RX дисплејот ќе биде достапен по цена од 360 долари.