Instagram лансираше алатка која ви овозможува да се забавувате додека разгледувате фотографии на социјалната мрежа. „Заедничкото гледање“ е опција која е замислена така што корисниците ќе можат да го користат Instagram, додека преку видео чет разговараат со своите пријатели. Ова е направено за да се чувствуваат помалку осамени во време на моментите на карантин, додека трае пандемијата на коронавирусот.
За да ја стартувате оваа опција, треба да покренете видео-разговор со пријател и потоа да кликнете на иконата за фотографии во долниот десен агол. Ова ќе ви ги покаже постовите што неодамна сте ги означиле дека ви се допаѓаат и ќе можете да означите кои од нив сакате да ви појават во размената на пораки.
„Заедничкото гледање“ или Co-Watching доаѓа и како метод за борба против дезинформациите на Instagram, бидејќи е додадено и едукативно предупредување во пребарувањата кои ќе ве известат кога некоја информација ќе ја соопшти СЗО или слична референтна институција. Додадени се и нови стикери, за истата намена. На некои од нив пишува „Останете дома“, со цел да ги охрабрат граѓаните да избегнуваат собири.