Xiaomi го претсатави Redmi Smart TV MAX, со огромен 98-инчен екран. LCD панелот има 4К резолуција и 60Hz освежување, а покрива 85% NTSC спектар на бои.
Телевизорот поддржува HDR со 192 зони на локално затемнување (со директно LED заднинско осветлување). Процесорот од деветтата генерација за обработка на сликата користи 20 технологии за подобрување на приказот на содржините. За звукот се задолжени четири звучници, плус Dolby и DTS декодирање. Постојат три HDMI портови и S/PDIF излез.
Redmi Smart TV MAX го покренува Amlogic T972 чипсет (4x Cortex-A55 јадра и Mali-G31MP2 GPU), а има и до 4GB RAM и 64GB eMMC простор за складирање. Телевизорот го користи PatchWall софтверот на Xiaomi, кој оди преку Android TV platforme.
Телевизорот од 9. април ќе се продава во Кина по цена од околу 2835 долари/2610 евра, што е цена која е неколку пати пониска од поголемиот дел од 98-инчните телевизори на пазарот. Засега не е познато дали Redmi Smart TV MAX ќе биде достапен глобално.
Поврзани артикли