Со оглед на тоа што моменталната реалност ни нуди карантин и изолација и сме ограничени на ретки излети до продавница или аптека, виртуелната реалност звучи навистина интересно.
Иако уредите за виртуелна реалност и натаму не го носат искуството кое корисниците го посакуваат, сепак конкуренцијата на тој пазар се заострува. Од HP соопштија дека се подготвуваат за наследник на Reverb, иако не открија подетални информации.
Станува збор за уред кој на корисниците ќе им донесе уште подобро искуство во виртуелната реалност, а се споменува и подобра удобност и компатибилност во однос на својот претходник. Од HP соопштија дека ќе станува збор за „уред без компромис“ кој ќе овозможи нов стандард на виртуелната реалност, а ќе биде развиен во соработка со Valve и Microsoft.
Како што пренесува The Verge, иако се најавува нов стандард кога станува збор за VR уредите, не треба да се очекува тоа да биде уред кој ќе им конкурира на евтините модели како Oculus Rift со цена од 400 долари, но исто така не треба да се очекува да биде скап како Valve Index кој чини околу илјада долари.
Со оглед на тоа што нема други детали, не е познато ниту кога овој уред ќе пристигне на пазарот, а веројатно тоа нема многу да зависи ниту од самата компанија, со оглед на ситуацијата во светот поради коронавирусот.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли