Apple ги објави iOS 13.4 и iPadOS 13.4 верзиите на своите софтверски платформи. Како што најави, Apple во iPadOS 13.4 имплементираше поддршка за маус и тракпад, која овозможува таблетот да се користи повеќе како лаптоп, вклучувајќи ги и мулти тач гестикулациите за навигација.
Покрај ова, постојат и други битни подобрувања. Сега е можно да се делат iCloud Drive фолдерите, со ажурирање на фајловите во реално време. Овозможено е купување на iOS и Mac апликации во пакети. Екстерните апликации за навигација сега работат со CarPlay Dashboard, доколку не сакате да ги користите Apple Maps.
Mail има награден изглед на копчињата, кој спречува случајно бришење на пораките. TV апликацијата сега пристигнува со функцијата за чување на податоци, за да се заштеди протокот и просторот за складирање. На крајот, тука се и новите Memoji стикери.
Apple ги објави и пратечките ажурирања за Apple TV, Mac и Apple Watch корисниците. Apple Watch ажурирањето сега овозможува купување во рамките на апликацијата за часовници, а имплементирана е и ECG поддршка.