Можеби некои од вас ќе се сетат на култната сцена во филмот „Армагедон“ во која во моментот кога леталото се руши, Американка се обидува да го спаси денот и тоа никако не ѝ успева.
Потоа доаѓа Русинот и пред да ја удри скапата машина, вели:
– Вака ги решаваме проблемите на руската вселенска станица! За оние што не се сеќаваат, еве ја:
Дека оваа практика живее и денес покажува новиот пример на поправка на „Инсајд“ – возилото на НАСА, робот кој моментално ја истражува површината на Марс.
Овој робот неодамна им зададе прилично големи проблеми на научниците. Имено, алатката за дупчење со која ја испитува површината на Марс се заглавила под површината бидејќи земјата била поцврста отколку што се очекувало
НАСА се обидела да ја одглави алатката, но не успеала.
Некој се сетил дека алатката може добро да се удри со лопата што ја поседува роботот. Така, роботот сам се удрил со лопата, алатката се одглавила и можел да продолжи со истражување на Марс.
A bit of good news from #Mars: our new approach of using the robotic arm to push the mole appears to be working! The teams @NASAJPL/@DLR_en are excited to see the images and plan to continue this approach over the next few weeks. ? #SaveTheMole
FAQ: https://t.co/wnhp7c1gPT pic.twitter.com/5wYyn7IwVo
— NASA InSight (@NASAInSight) March 13, 2020