Од сите сетила, на вештачката интелигенција и е најтешко а го препознае мирисот. Најновиот напредок на тоа поле го направиле истажувачи од Intel од Универзитетот Корнел. Тие успеале да истренираат неуромофички чип да учи и да препознава мириси на десет опасни хемикалии. Во иднина, овој „електронски нос“ ќе се имплементира на роботи и ќе биде способен да детектира оружје, наркотици, а можеби и болести кај луѓето.
Intel Loihi – чип за рецептори за мирис
Станува збор за чип кој што е дизајниран според специјален алгоритам на рецепторите за мирис во мозокот. Кога нешто ќе помирисаме, молекулите ги стимулираат овие рецептори во носот. Потоа тие испраќаат сигнали во одреден дел од мозокот кој што е задолжен за мирис и тогаш истиот тој дел испушта електрични пулсеви.
Истажувачите успеале во овој чип да го реконструираат целиот тој природен процес.
Според компанијата, чипот е способен да препознае десет мириси, вклучувајќи и ацетон, амонијак и метан па дури и тогаш кога нив ги прикриваат некои посилни мириси. Системот е чувствителен и е доволен само еден примерок.
Ова е фантастичен успех, доколку се земе предвид дека другите техники бараат голем број примероци за да достигнат слично ниво на прецизност.
Покрај Intel, со оваа проблематика се занимава и тимот на „Google Brain“ во соработка со произведувачите на парфеми.
Извор: Srbija Danas