Индустриските инсајдери тврдат дека Xiaomi престанал со развојот на сопствените чипови (кои ги развиваше Pinecone дивизијата). Компанијата во 2017. година го претстави Surge S1 чипсетот, по што имаше информации дека Xiaomi во текот на MWC 2018 ќе го прикаже Surge S2, но тоа не се случи.
Подоцна, се споменуваше дека Xiaomi блиску ќе соработува со компанијата TSMC, но ова не се материјализираше. Xiaomi своите напори на полето на развојот на чипови ќе ги пренасочи на нископотрошните Bluetooth и RF чипови, а според наводите на инсајдерите, компанијата планира да го задржи конкурентно портфолиото на телефони и да остане профитабилна.
Судејќи според се, Xioami ќе се држи до актуелната стратегија и воглавно ќе користи Qualcomm Snapdragon чипсети, со повремено уфрлање на модели од компанијата MediaTek.
Поврзани артикли