Апликацијата WhatsApp стана центар за дезинформации на интернет во период кога се шири заразата со коронавирусот, пишува CNN.
Властите во земјите ширум светот се обидуваат да им дадат точни информации на граѓаните за пандемијата и да не шират паника.
Постојано се одржуваат прес-конференции и се објавуваат нови податоци, но WhatsApp станува голем проблем.
Во САД се шири совет дека граѓаните треба да ги наполнат подрумите со залихи од храна, по што Националниот штаб за безбедност ја демантираше оваа информација.
Во Шпанија се шири совет да се направи „гаргара од вода, сол и оцет“.
Овој проблем е присутен и во Хрватска каде што се шират пораки од „пријател на некој кој работи во болница“, или „брат на некој кој е вработен во државна институција“.
WhatsApp најави дека се бори против ширење на дезинформации.
Извор: Klix.ba