Иако американската компанија не е позната по исполнување на ветенoто, овој пат првите примероци на новиот Model Y од фабричките ленти се симнаа навреме.
Tesla го означи почетокот на сериското производство на својот четврти автомобил во понудата, Model Y, со ново видео. Американскиот производител очекува овој автомобил да биде еден од неговите најпродавани модели, со оглед на тоа што го нуди – комбинација на практичност и ценовна достапност.
Првично, на купувачите ќе им бидат понудени побогато опремените и поскапи верзии, а најевтините опции на пазарот ќе стигнат нешто подоцна.
Моделот Y Long Range Dual Motor AWD (со два електрични мотори и погон на сите тркала) чини од 52.990 долари. Оваа верзија од 0-96 km/h забрзува за 4,8 секунди и достигнува максимални 217 km/h. Со целосно полна батерија возната автономија треба да биде 509 километри.
На клиентите име е достапна и подинамична Performance опцијасо цена од 60.990 долари. Овој кросовер 96 km/h достигнува за само 3,5 секунди и може да развие максимални 233 km/h. Автономијата е скоро иста како и кај претходната верзија. Покрај подобрите перформанси, оваа варијанта на Model Y има и специјални алуминиумски тркала од 21 инч, спуштена суспензија, помоќни сопирачки, а достапен е и опционален пакет Performance кој овозможува максимална брзина до 250 km/h.
Кога станува збор за ценовно поприфатливата верзија на Model Y, таа во продажба ќе влезе на почетокот од следната година по цена од 39.000 американски долари, но и со помалку возачка автономија – само 370 километри.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли