Нобеловецот Мајкл Левит, американско-британско-израелски биофизичар, не открил како се лечи коронавирусот, ниту лекот против него, туку само го направи она што најдобро знае да го прави – ги анализираше бројките.
Статистичките податоци го довеле до заклучок дека, спротивно од мрачните прогнози кои се даваат, ширењето на вирусот ќе запре.
Неговите прогнози кои што ги кажал досега се покажуваат како точни – бројот на новите случаи кои што се пријавуваат секојдневно во Кина почнал да опаѓа од 7. февруари. Една седмица подоцна, стапката на смртни случаи исто така почнала да опаѓа.
Левит во 2013. година добил Нобелова награда за хемија за „развој на модел со повеќекратни скали за составување на хемиски систем“. Немал намера да биде пророк кој најавува чума – се случило случајно.
„Стапката на зараза од вирусот во провинцијата Хубеј секојдневно се зголемуваше за 30 отсто, а тоа е застрашувачка статистика. Не сум експерт за грип, но можам да ги анализирам бројките и тоа е експоненцијален пораст. Според оваа брзина, целиот свет треба да биде заразен за околу 90 дена“ – изјавил тој своевремено.
Но, тогаш трендот се сменил. Кога Левит на 1. февруари почнал да ги анализира податоците, во Хубеј имало 1.800 нови случаи секој ден, а во рок од шест дена таа бројка се искачила на 4.700.
„А, потоа на 7. февруари, бројот на нови инфекции почнал линеарно да опаѓа и не престанал. Една седмица подоцна истото се случи и со бројот на починати. Оваа драматична промена погрешно ја обележала средната точка и овозможила предвидување на време кога пандемијата ќе заврши. Врз основа на тоа заклучив дека ситуацијата во цела Кина ќе се подобри во рок од две седмици. И навистина, сега таму има многу малку случаи на инфекцијата“.
Како што изјавил Левит, на почетокот секој заболен од коронавирусот во Кина во просек заразувал по 2.2 луѓе дневно, што може да се каже дека тоа е експоненцијален раст кој што може да доведе до катастрофа.
Уште една причина зошто стапката на зараза се намалува има врска со физичката оддалеченост.
„Не се прегрнувате со секоја личност која ќе ја сретнете на улица и ќе избегнувате да се сретнете лице в лице со некој кој има настинка, како што тоа го направивме ние“ – изјавил Левит.
„Колку повеќе се придржувате до тие правила толку може да ја задржите инфекцијата под контрола. Значи, под тие околности, преносителот може да зарази само 1.5 луѓе на секои три дена и стапката на заразени ќе почне значително да опаѓа“.
Според изјавите на Левит, карантинот навистина прави разлика.
„Знаеме дека Кина беше речиси во целосен карантин, луѓето излегуваа само поради купување на намирници и целосно избегнуваа контакт со други, а тоа е најдобро за сите“.
„Кина го направи тоа како што треба и успеа да го исконтролира вирусот“ – заклучил тој.
Левит не сака да дава глобални прогнози. Како што кажал тој, во Кина бројот на инфектирани лица наскоро ќе биде нула, а Јужна Кореја ја преминала средната точка и веќе и таму може да се види крајот. Што се однесува до остатокот од светот, сè уште е тешко да се каже, изјавил тој.
„Ќе заврши кога сите оние луѓе кои се болни ќе се сретнат само со луѓето кои веќе ги заразиле“ – заклучил тој.
Извор: Kurir.rs