Windows 10 платформата сега се користи на милијарда уреди ширум светот, што во теорија значи дека оперативниот систем го употребува секој седми корисник на планетата.

Од 2015. година, Windows 10 го најде својот пад до конзолите, лаптоп и десктоп компјутерите ширум 200 држави, а сите компании од Fortune 500 листата користат Windows 10 уреди. Според наводите на Microsoft, се повеќе бизнис корисници се во процес на премин на најновата платформа, така што бројот на корисници ќе се зголеми во следните месеци и години.

Другите оперативни системи, посебно оние кои се користат во деловни цели, исто така остварија значаен напредок во последно време. На пример, Chrome OS се пробива во корпоративниот екосистем, имплеменгирајќи функции како што се виртуелен работен простор и друго.

Меѓутоа, најновата статистика на Microsoft покажува дека Windows 10 и натаму е најдоминантен оперативен систем.