Кај некои апликации за испраќање пораки, како и социјални мрежи, постои опција содржината да се објави привремено, по што засекогаш исчезнува. Дури и Twitter неодамна се заигра со оваа идеја. Сега изгледа дека WhatsApp би можел да добие слична функција, а ова го открива сајтот WABetaInfo во најновата бета верзија на апликацијата.
Според деталите од последната бета на WhatsApp, постојат докази кои сугерираат дека WhatsApp разгледува тестирање на пораки кои се бришат/самостојно исчезнуваат. Покрај ова, корисниците би биле во можност да го подесат временскиот период по кој пораката сама ќе се избрише.
Засновано на актуелните подесувања, овој распон на траењето на пораката пред бришењето е помеѓу еден час и една година. Оние кои сакаат да креираат приватен разговор, за кој не сакат никој да го види, можат да подесат на еден час, по што сите пораки ќе исчезнат.
Засега не е познато кога споменатата функција ќе им биде достапна на сите корисници на WhatsApp.