Американската вселенска агенција НАСА предупреди дека плановите за поставување бази на Месечината може да бидат одложени во период од година дена.
Даг Ловеро рече дека поставувањето на лунарната база Gateway може да биде одложено во период од година дена или повеќе бидејќи НАСА прави промена на дизајнот и на намената.
Минатата седмица изјавија дека трошоците и техничките предизвици можат да ја присилат НАСА да го промени рокот за остварување на своите цели на Месечината. Сепак, истакна дека НАСА не го одложува проектот Gateway во целост.
НАСА планираше да слета на Месечината во 2028 година, но Wall Street Journal тврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја избра 2024 година за да се совпаѓа со неговиот крај на вториот претседателски мандат.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли