Кабелскиот оператор „Тотал ТВ“ денес ги израдува своите претплатници со известувањето за бесплатно отворање на сите дополнителни канали.
„Вообичаено ова го правиме во убави моменти, меѓутоа ние сме тука за вас и во лошите. Свесни сме колкав стрес и промени во животните навики носи вонредната состојба поради епидемијата на коронавирусот. И знаеме дека и покрај другите препорачани начини на превенција, повеќето луѓе ќе поминуваат поголем дел од времето дома со семејството најчесто пред телевизорот. Од таа причина како компанија која навистина се грижи за граѓаните и со желба барем малку да се олесни ваквата ситуација во која што сме сите заедно, решивме до 4-ти Мај да ги отвориме дополнителните канали и да ви ги понудиме најразличните содржини. Опуштете се, смејте се со програмата која што ја сакате и останете безбедни“, стои во известувањето од „Тотал ТВ“.