И покрај пандемијата со коронавирус, Кина продолжува со плановите за мисија на Марс, па првото лансирање би требало да се случи веќе во јули.

Иако коронавирусот влијаеше на намалувањето на работната сила во Кина, извештаите укажуваат на тоа дека и натаму се работи на производство и тестирање на летала и друга опрема за мисија на Марс. Тоа, сепак, не значи дека новостанатата ситуација не влијае на вселенската индустрија во Кина, бидејќи ExPace – компанијата задолжена за производство на опрема за лансирање, чие седиште е во Вухан, и натаму е затворена. Беше планирано до јуни да се произведат пет ракети, но тоа најверојатно нема да се случи, бидејќи карантинот ќе потрае уште некое време.

И покрај тоа што компаниите како ExPace моментно се затворени, Кина и натаму планира до крајот на 2020. година да лансира дури 40 ракети, што сепак би можело да се промени, најпрвин поради тоа што понатамошниот тек на пандемијата