Екипи на универзитетот во Гент и Институтот за биотехнологија се приближуваат кон третман за коронавирусот, објавија медиумите во Белгија.
Не станува збор за вакцина, бидејќи третманот не предизвикува имунолошка реакција, туку за техника која користи антитело со кое се оневозможува да делува протеинот на површината на вирусот, и со тоа се спречува вирусот да се закачи за човечките ќелии.
Тимовите работат заедно со други истражувачи низ светот на овој нов третман и сметаат дека значајно се приближуваат кон убедливи резултати.
Третманот би бил побрзо ефикасен отколку обична вакцина, што би им овозможило на лекарите и медицинските работници побрзо да се вратат на работа. Притоа, објаснуваат истражувачките тимови, постарите пациенти се помалку респонзивни на вакцини, а коронавирусот е најопасен токму за овие лица.
Според достапните информации, тимот е сега во фаза на неутрализација на лабораториска варијанта на Ковид-10, следниот чекор е да се испитува врз жив примерок.
Тимот добил и финансиска поддршка од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Поврзани артикли