Покрај Redmi Note 9 Pro Max телефонот, подбрендот на компанијата Xiaomi го претстави и Redmi Note 9 Pro моделот. Главните разлики помеѓу двата смартфона се во камерите и брзините на полнење.
Redmi Note 9 Pro има 16MP предна камера, со двојно помала резолуција од Max моделот. На задната страна се наоѓаат главната камера од 48MP, заедно со 8MP ултраширок сензор, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот, како Redmi Note 9 Pro Max моделот, има 5020mAh батерија, но поддржува побавна опција на полнење, од 18W (наспроти 33W колку што поддржува Max моделот).
Note 9 Pro има 6.67-inčni LCD во FHD+ резолуција, а го покренува 8nm Snapdragon 720G чипсет. Од страна на рамката се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти, додека куќиштето е отпорно на прскање со вода.
Телефонот ќе биде достапен во Aurora Blue, Glacier White и Interstellar Black варијанти, како и во две комбинации на меморија и простор за складирање: 4GB/64GB (со цена од околу 175 долари) и 6GB/128GB (околу 215 долари).