Apple денеска официјално повторно ги отвори сите свои продавници во Кина, вкупно 42, компанијата потврди за Bloomberg.
По затворањето во февруари, никој немаше точни информации за тоа кога продавниците би можеле повторно да започнат со работа, но денес тоа се случи. Само еден ден откако претседателот на Кина изјави дека коронавирусот е победен во оваа земја, Apple одлучи повторно да ја воспостави својата продажна мрежа.
Постепено се враќа во нормала, и се очекува во оваа држава вирусот да престане да се шири. Сега останува да се види како Кина ќе ги надокнади загубите кои се последица од затварањето на фабриките и застојот на целата економија.
Исто така, и Apple ќе мора да се соочи со загубите, со оглед на тоа дека продажбата им опадна за повеќе од 55 проценти во првиот квартал, но и поради ширењето на коронавирусот во остатокот од светот. Во Италија се затворени сите 17 продавници кои Apple ги има, бидејќи владата целосно ја затвори и изолира земјата.
И додека Кина ја слави својата победа над коронавирусот, светот дури сега се соочува со неговото ширење. Поради тоа, Twitter ги затвори своите канцеларии, Facebook ја откажа конференцијата, а откажани се саемите како MWC во Барселона, NBA лигата и уште многу други големи конференции.
Извор: PC Press.rs