Се чини дека Google подготвува нова верзија на својот популарен мултимедијален уред – Chromecast Ultra. Да потсетиме, намената на овој уред е квалитетна, брза и едноставна репродукција на мултимедијалната содржина од стриминг услугите и мобилните уреди на ТВ приемникот.
Очекуваниот нов модел (со кодно име Sabrina), ќе донесе нови можности. Една од побитните е сопствениот далечински управувач, кој досегашните модели не го имаа. Поради тоа, управувањето со нив за поголем дел од корисниците беше можно исклучиво преку мобилните уреди (паметни телефони и таблет уреди) и компјутери.
Hmmmm… a Google Remote for an unknown device just passed through the FCC… https://t.co/nz0xBG8AtL pic.twitter.com/6gEQ35nR7g
— Janko Roettgers (@jank0) March 10, 2020
Според изворот, далечинскиот управувач ќе има вграден микрофон, со цел со Chromecast Ultra (2020) да може да се управува и со издавање на гласовни наредби преку Google Assistant. Покрај Wi-Fi, новиот модел ќе има и поддршка за Bluetooth, преку кој ќе се комуницира со далечинскиот управувач.
Дизајнот на уредот нема значително да се промени во однос на сегашниот модел. Изворот наведува дека рабовите ќе бидат нешто помеки, позаоблени. Исто така, новиот Chromecast Ultra ќе се заснова на Android TV платформата, штп ќе овозможи директен пристап до сервисите како Netflix, Disney+, YouTube TV и други.