Xiaomi ја угаси својата Mi Max линија телефони по три генерации, но сега го оживува искуството на големиот екран, преку новиот Redmi Note 9 Pro Max модел. Телефонот има 6.67-инчен екран во покомпактно куќиште, како и четири камери на задната страна и селфи камера во punch-hole отвор.
Redmi Note 9 Pro Max користи 8nm Qualcomm Snapdragon 720G чипсет, во комбинација со 6GB или 68GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.
Четири камери на задната страна го сочинуваат 64MP главен сензор, 8MP ултраширока камера со 119 степени на поле на преглед, 5MP макро камера и 2MP сензор за длабочина. Note 9 Pro Max поддржува и RAW фотографирање и има подобрен Night Mode.
Redmi Note 9 Pro Max пристигнува со 5020mAh батерија и поддршка за 33W брзо полнење, а компатибилен полнач пристигнува во пакување со телефонот. Телефонот ќе се најде во продажба од 25. март во Aurora Blue, Glacier White и Interstellar Black варијанти, по почетна цена од околу 200 долари (6GB/64GB модел).