Имала многу поголема сила од бомбата која што била фрлена на Хирошима. Руските научници се надеваат дека ќе можат да пронајдат траги од космички материјал кој што настанал по експлозијата.
Езерата можат да одговорат на епскиот настан во Тунгуска, каде што атмосферската експлозија се случила пред 112 години, а истата имала сила како 185 бомби фрлени на Хирошима.
Седиментите се гледаат како клуч за разбирање на настаните кои што поради својата оддалечена локација – не било лесно да се истражат во тоа време.
Се смета дека метеорот пукнал на околу 5 до 10 километри над Земјината површина, уништувајќи повеќе од 2.000 квадратни километри, а при тоа немало познати жртви.
Сега научниците од четири главни институти активно ги пручуваат трагите од катастрофата од минатиот век со надеж дека ќе го разберат настанот кој што буквално го потресе целиот свет.
„Мистеријата на Тунгуската катастрофа ги загрижува научниците и јавноста“ – изјавил д-р Артур Мејдус, заменик директор на природниот резерват Тунгуска.
„Метеоритот не е тука како физичко тело, туку како трага од исклучително силна експлозија која што моментално ја истражуваат истражувачите. Многумина од нас сè уште се надеваат дека ќе го разработиме сценариото на катастрофата од 1908-та година.
Езерото Заповедное се наоѓа на околу 40 километри од претпоставениот епицентар на воздушната експлозија.
„Иако ова езеро е надвор од територијата која што била зафатен во 1908-та година, тоа претставува големо интересирање“ – изјавил д-р Меидус.
„Длабоките и молскавични седименти кои што ги има тука, не се мешаат“.
Со други зборови тие “содржат податоци од раните години“.
Тоа ја вклучува историјата на непрекинатите климатски промени и катастрофалните настани.
„Откривме препознатлив слој на светлокафеава боја во седиментите на езерото чија содржина има зголемена количина на калиум, титаниум, рубидиум, итриум и циркониум, а тоа овозможува да се поврзе со самата експлозија“.
Извор: Alo.rs