Дојавувачот од Twitter, PineLeaks споменува дека iPhone 12 ќе има 64-мегапикселен сензор, додека новиот iOS 14 ќе се насочи на стабилноста и корисничкиот интерфејс.
Корисничкиот профил PineLeaks (го води Max Weinbach од порталот XDA Developers) на Twitter открива информации за претстојниот iPhone 12 и новиот iOS 14. Истиот профил веќе претходно објави некои точни информации што се од однесуваат на iOS и уредите на Apple.
Она што го пишува PineLeaks е дека Apple го тестира новиот 64-мегапикселен сензор на Sony со цел iPhone 12 да продуцира уште поквалитетни фотографии, посебно во услови на слабо осветлување. Ноќниот начин на работа наводно ќе пристигне на сите камери, што ги вклучува селфи камерата, ултрашироката и телефото камерата.
Во изработка е и макро камера, која ќе овозможи фокусирање на објекти на оддалеченост од 2,2 сантиметри, додека ултрашироката леќа ќе биде за 35 процентио поширока (ултрашироката камера на iPhone 11 има видливост од 120 степени). Планирани се подобрувања кои се однесуваат на Smart HDR начинот на работа, а поради поддршката за 5G, iPhone 12 ќе има за 10 проценти поголем капацитет на батеријата во однос на претходникот.
Идната верзија на оперативниот систем iOS 14 нема да доаѓа со значајни нови опции, туку вниманието ќе биде насочено на стабилноста, унапредениот дизајн и корисничкиот интерфејс. PineLeaks дава информации и за идните планови, кои вклучуваат призми и огледала, за да се намали големината на Face ID компонентата.