Apple работи на наследникот на iPhone SE моделот од 2016. година, кој би можел да биде објавен под името iPhone 9. Првобитните гласини сугерираа дека телефонот ќе биде претставен на почетокот на 2020. година, но постојат шанси дека објавата ќе биде одложена.
Новиот извештај на DigiTimes, заснован на информациите на изворите од синџирот на снабдување, сугерира дека се одложени нарачките за PCB на телефоните. Компаниите со кои работи Apple, наводно, би требало да ги одложат испораките на деловите за второто тримесечје на оваа година.
PCB, според гласините, оригинално биле планирани за испорака во текот на март, навреме за настанот на Apple, кој беше планиран за 31. март. Меѓутоа, сега се очекува дека ова ќе биде поместено за второто тримесечје.
Исто така, се истакнува дека самиот телефон е во финалните стадиуми на производство. Споменатите информации е потребно да се земат со резерва, бидејќи не доаѓаат од официјални канали.