Технологијата е развиена бидејки во Кина сите носат маски поради коронавирусот, а новиот систем за препознавање на лица треба да помогне во борбата против оваа епидемија.
Кина користи еден од најсофистицираните системи за надзор во светот, вклучително и еден за препознавање лица. Но, епидемијата на коронавирусот што избувна минатата година во кинеската провинција Хубеи, ширејќи се низ целиот свет, резултираше скоро сите во Кина денес да носат медицински маски во јавнос. Ова е голем проблем за софистициранот систем за набудување, па затоа стана уште пософистициран.
Доколку е поврзан со сензор за температура, системот може да ја мери температурата на телото додека го идентификува името на лицето и потоа да ги процесира резултатите ако открие телесна температура поголема од, да речеме, 38 степени, објаснува Хуанг Леи, потпретседател на споменатата кинеска компанија.
Тим од 20 лица во компанијата ја искористиле основната технологија за препознавање на лица која е развиена во последните 10 години на база на податоци со околу шест милиони маскирани лица, како и многу помала база на податоци со маскирани лица за подобрување на системот. Само им требало еден месец да го развијат и да го пуштат на пазарот.
Во продажба се два системи за препознавање на маскирани лица: едноканален, што се користи на пример на влезовите во објектите и мулти-каналниот, кој користи повеќе камери за надзор.