Истребувањето на следните осум животински видови би било стравичен губиток за планетата Земја така што и ние многу лесно би исчезнале со нив.
Пчели
Нив Кралското географско друштво ги прогласи за најважниот вид на планетата Земја. Како најважни опрашувачи на Земјата, пчелите имаат важна улога во животниот циклус на многу растителни видови со што помагаат во зачувување на здравјето на многубројни екосистеми, а тие исто така опрашуваат и многу намирници кои што ги користиме ние.
Мравки
Иако многумина сметаат дека мравките се штетни, тоа не треба да се зема здраво за готово. Нив ги има на сите континенти, освен на Антарктикот и имаат голема улога – ги разнесуваат хранливите материи по почвата, ги шират семињата и друго. Научниците го проучуваат можното влијание на климатските промени на колониите мрави ширум светот.
Печурки
Печурките не спаѓаат ниту во растенија ниту во животни ниту во микроорганизми ниту во праживотни, па понекогаш се опишуваат како “петтото царство на животот на Земјата“. Тие делуваат како природен механизам за рециклирање, а некои видови можат да впијат штетни метали, како што е живата и да преработат полиуретанска пластика.
Фитопланктон
Ова се микроорганизми кои исто така имаат важна улога во животот на Земјата. Тие произведуваат 50 отсто од атмосферскиот кислород на планетата и без нив количината на кислород би била многу пониска. Освен тоа тие се важен дел од морскиот екосистем и ланецот на исхрана.
Лилјаци
Бананите, баобаб и другите растенија зависат од лилјаците кои придонесуваат во нивното опрашување. Насекаде ширум светот има различни видови лилјаци кои што се важни за екологијата затоа што тие со својот начин на исхрана им помагаат на некои од растителните видови да преживеат.
Црви
Црвите исто така се многу важни за биосферата на Земјата па понекогаш се нарекуваат “инженерски екосистем“. Тие својот живот го поминуваат во земјата кои ја збогатуваат со рециклирање од органски материјали. Освен тоа тие имаат важно место во ланецот на исхрана.
Мајмуни
Мајмуните пружаат важен увид во човечката биологија. Освен тоа, тие се клучен вид во многу тропски шуми каде што делуваат како “градинари“, ширејќи ги семињата од растенијата и создавајќи простор кој би бил добар за нивниот развој. За да опстанат таквите шуми, мора да се погрижиме да опстанат и мајмуните.
Корали
Коралите најчесто се нарекуваат “дождовни шуми“ и имаат неколку важни улоги – тие служат како основна мрежа за храна во морето и ги штитат крајбрежјата. Истражувачите проценуваат дека коралните гребени поддржуваат четвртина од својот живот во морето што ги прави најразновиден екосистем на планетата. Исчезнувањето на коралските гребени би довело до истребување на многу морски видови.