Овие денови се случуваат големи промени на глобалната технолошка сцена. Компаниите се прилагодуваат на случувањата во врска со коронавирусот, но и на однесувањето на самиот пазар. На другата страна, почнаа и промени на местата на извршен директор меѓу гигантите. Еден од тие гиганти е и Nokia.
Финската компанија Nokia, позната по некогаш најпродаваните телефони во светот, одлучи да го замени својот извршен директор. Ова доаѓа во време кога компанијата се бори за своето место на пазарот на 5G телекомуникациската опрема.
Најавено е дека сегашниот извршен директор Рајеев Сури ќе поднесе оставка во август, по шест години на чело на оваа голема компанија. Ќе го замени Пека Лундмарк, кој во моментов е извршен директор во Fortum, финска енергетска компанија.
Во моментов, на пазарот на телекомуникациска опрема се води жестока борба за доминација, и тоа помеѓу Huawei, Ericsson и Nokia. Поради проблемите кои Huawei ги има со Соединетите Американски Држави, Nokia ја искористи можноста да земе дел од тој колач и да стане важен фактор. Само минатиот месец, Huawei обезбеди 91 комерцијални 5G договори, додека Nokia обезбеди 68.
Дека компанијата беше добро водена, говори и податокот дека во моментот на стапување на местото извршен директор на Рајеев Сури, брендот Nokia заработувала околу 1,1 милијарди евра, а денес заработува скоро 11 милијарди. Тоа е огромна промена и голем успех. Од Nokia сигнализираат дека е потребна свежа крв, но дека неизмерно му се заблагодаруваат на Сури за успехот кој го постигнал и за начинот на водењето на компанијата сите овие години.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли