Apple отсега ќе дозволува push нотификации во вид на реклами, доколку корисниците најпрвин се согласат да ги добиваат.
Компанијата за таа цел ги ажурираше правилата на App Store, за да ги промени строгите правила и рестрикции околу push нотификациите. Досега Apple им забрануваше на апликациите да ги користат известувањата за маркетинг, промоција или директен маркетинг, но тоа изгледа сега ќе се промени.
Апликациите сега ќе можат да испраќаат маркетиншки известувања кога „корисниците ќе се изјаснат дека сакаат да примаат известувања“. Според новите правила, корисниците мораат да ја имаат на располагање и опцијата да се одјават.