За разлика од традиционалните гуми кои се менуваат во зависност од годишното време или условите на патот и бараат посета на вулканизер, визионерските гуми reCharge може да се заменат за само неколку минути и без вадење на тркалото
Наместо во Женева, виртуелната прес конференција на Goodyear се одржа во Брисел и на неа беа претставени нови гуми за електрични возила.
Визионерскиот концепт reCharge може да се пофали со низа иновативни функции кои се засноваат на три столба, а тоа се прилагодливост, трајност и лесно одржување без компликации.
За разлика од традиционалните гуми кои се менуваат во зависност од годишното време или условите на патот и бараат посета на вулканизер, гумите визионерските гуми reCharge може да се заменат за само неколку минути и без вадење на тркалото.
Имено, јадрото на концептот е екстремно издржлива и 100% биоразградлива смеса на газниот слој изработена од биолошки материјал и зајакната со влакна, инспирирана од еден од најтрајните материјали во светот – пајаковата свила.
Газниот слој може повторно да се наполни со специјално адаптирани капсули, што во голема мерка го поедноставува процесот на замена на гумата. Капсулите за полнење кои содржат балансирано течно соединение овозможуваат обновување на газниот слој и постепено менување и прилагодување на гумата кон климатските и патните услови, како и индивидуалните навики при патување. За тоа се грижи вештачка интелигенција, која создава профил на возачот врз основа на кој се прави течното соединение, а со тоа и уникатниот газен слој кој е по мерка на секој поединец.
Карактеристиките на гумата се исто така лесна не-пневматска конструкција и висока и тесна структура. Робусната конструкција е лесна за одржување, бидејќи целосно ја елиминира потребата од проверки на притисокот и какви било компликации поради прободена гума.
На крајот уште еднаш да наведеме дека станува збор само за концепт, кој не гарантира дека овие гуми некогаш ќе ги видиме на нашите патишта.
Извор: Додај Гас