Компанијата Xiaomi го претстрави новиот смартфон Black Shark 3 Pro наменет за гејмерите, кој има две физички pop-up копчиња.
Во game модот, корисниците можат да користат две копчиња широки по 21 мм, кои се подигнуваат 1,5 мм над куќиштето на телефонот. Овие копчиња можат да издржат повеќе од 300.000 подигнувања и над милион кликови.
Black Shark 3 & 3 Pro launched
Key Specs :
-SD 865
-7.1" AMOLED
-90Hz Refresh Rate
-270Hz touch sampling Rate
-64MP+13MP + 5MP
-20MP Front Camera
-4720mAh Battery+65W
-Pop-up triggers
-UFS 3.0
-Dual Mode 5G
-WiFi6#TechSciCo#blackshark3 #BlackShark3Pro #Xiaomi pic.twitter.com/upZ58uUOIW— Tech SciCo (@techscico) March 3, 2020
Black Shark 3 Pro има 7,1-инчен AMOLED екран со резолуција 3.120×1.440 piksela и фреквенција од 270 Hz, а уредот го напојува батерија од 5.000 mAh. Верзијата со 8 GB RAM чини 675 долари, додека за верзијата со 12 GB RAM е потребно да се издвојат 718 долари. Двете верзии доаѓаат со 256GB интерна меморија.
Ако не сакате толку да потрошите, а не ви пречи изостанокот на pop-up копчиња, тогаш тука е Black Shark 3 моделот, кој чини од 502 до 775 долари. Тој модел има капацитативни наместо pop-up копчиња, 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција 2.400×1.800 пиксели со фреквенција на освежување од 90Hz и батерија од 4.720 mAh.
Двата смартфона поддржуваат 5G мрежа и имаат Snapdragon 865 процесор, две цевки кои ја ладат матичната плоча, како и делови осетливи на допир на левиот и десниот дел на екранот, кога уредот е во хоризонтална положба.
Black Shark 3 и Pro имаат по три задни камери, главна од 64 MP, ултраширока од 13 и камера од 5 MP за bokeh ефект. Однапред е селфи камера од 20 мегапиксели, а телефоните имаат 3,5-милиметарски влез за слушалки.
Поврзани артикли