Мирисот на неговиот плод некои го опишуваат како “смрдеа на лешови во мртовечница“, но биолошкиот отпад настанат од ова растение има добра спроводливост и овозможува одвивање на електрохемиски реакции.
“Бодликавото растение“ дуријан не е толку познато надвор од Азија веројатно поради тоа што мирисот на неговиот плод некои го опишуваат како “смрдеа на лешови во мртовечница“ додека пак други уживаат во истото бидејќи неговиот комплексен вкус е различен во однос на неговиот мирис.
Наскоро, ова растение би можело да стане многу познато во светот, независно од тоа што другите мислат за него бидејќи научниците пронашле потенцијална и многу важна можност за негова секојдневна употреба – брзо полнење на батериите на нашите електрични уреди, а можеби и на автомобилите со електричен погон.
Причината за тоа е начинот поради кој природата го дизајнирала ова овошје. Научниците исто така откриле дека кога биолошкиот отпад ќе настане од ова растение и кога истиот ќе се испресира, тој се претвора во “суперкапацитатор“ способен да складира голема количина енергија.
Научниците тврдат дека “структуралната прецизност на природната биомаса со хиерархиски распоредени при кои настануваат во текот на милион години биолошка еволуција“, претставува неверојатен ресурс за понатамошно произведување материјали засновани на јаглен.
Оваа биомаса покрива голема површина од земјата, а добрата спроводливост на нејзините слоеви овозможува одвивање на електрохемиска реакција (јонска дифузија и проток на напон на голема густина), пишуваат од Ubergizmo.
Извор: Telegraf.rs