Апликациите со текот на годините редовно добиваат ажурирања со нови функции, подобрувања и измени на корисничкиот интерфејс, што со време може да доведе до тоа да изгледаат пренатрупано. Facebook сега сака тоа да го измени кај својата Messenger апликација.
Апликацијата, која е дизајнирана на корисниците да им помогне во меѓусебната комуникација, ќе доживее помал редизајн. Facebook планира да отстрани и поедностави некои функции, за да го подобри вкупното корисничко искуство. Една од тие измени е и отстранувањето на Discovery таб, додека останатите функции (Instant Games и Transportation) се отстранети од слотот за креирање разговори. Чет ботовите и натаму се дел од Messenger, но сега се скриени.
Facebook не спомена конкретно поради што се одлучил на овие промени, но се сугерира дека во прашање е желбата на компанијата да ја оптимизира апликацијата и да ја направи поедноставна и побрза за користење.