Научници од Руската академија на науките соопштија дека поради недостиг на храна во нивните живеалишта, поларните мечки почнале да се јадат едни со други.
„Случаи на канибализам меѓу поларните мечки имало и претходно, но биле ретки, додека сега се сè почести“, вели Илја Мордвинчев, експерт за поларни мечки.
Во Санкт Петербург тој објави истражување во кое наведува дека канибализмот е последица од недостаток на други извори храна.
„Во некои сезони нема доволно храна па големите мажјаци ги напаѓаат женките со младенчиња“, вели тој.
Климатските промени, загревањето, топењето на глечерите се дел од факторите кои придонесуваат кон оваа појава кај поларните мечки. Од друга страна, нафтената индустрија на полуостровот Јамал директно го загрозува живеалиштето на поларните мечки во кое отсекогаш ловеле.
Извор: Klix.ba