Компанијата Google ги објави своите планови и стратегија за 2020 година. Во вкупно 11 американски сојузни држави, ќе гради свои дата центри.
Компанијата Google во своите планови се обврза да инвестира повеќе од 10 милијарди долари и опремување на канцеларии и дата центри во следниве држави: Калифорнија, Колорадо, Џорџија, Масачусетс, Небраска, Њујорк, Охајо, Оклахома, Пенсилванија, Тексас и Вашингтон.
Извршниот директор на Google и Alphabet изјави дека овие инвестиции ќе „отворат илјадници работни места, вклучително и оние во Google”. Тој истакна дека отворањето на нивните дата центри ќе ја засили локалната економија, ширење на свеста за обновливи извори на енергија и дека, генерално, ќе има позитивно влијание врз заедницата.
Сè уште не е јасно дефинирано дали поради отварањето на голем број работни места, како и вонредното влијание врз градовите каде ќе се вложат парите, ќе биде даночно олеснување од страна на САД за оваа компанија, а тоа е токму прашањето кое го уби големиот проект Amazon, Long Island City. На крај, важно е да се има предвид дека Google го прави ова затоа што му се потребни инвестиции и развој на бизнисот, а не филантропија.
Поврзани артикли