Компанијата Facebook одлучи да ја откаже F8 конференцијата, својот најголем годишен настан, поради загриженост од ширење на коронавирусот. Од Facebook велат дека ова било исклучително тешка одлука, но дека откажувањето е единствениот вистински пат во оваа ситуација.

F8 не е прва конференција која е откажана поради ширењето на коронавирусот. Најпрвин Facebook го откажа учеството на MWC во Барселона, а тоа и својата голема конференција закажана за март. Поради големиот број откажувања на учеството на MWC саемот, организаторите решија да го откажат Мобилниот конгрес во Барселона. Гејмерските лиги и мечеви се поместени и се играат во државите каде што нема коронавирус, така што целиот IT свет стана малку хаотичен поради ширењето на вирусот. Ова секако влијаеше и на испораките на телефони, пад на продажбата во многу сегменти, како и затворање на фабриките во Кина.

Моментно во светот се заразени преку 82.000 луѓе, а околу 2.800 од нив починаа како последица на заразата. Коронавирусот се заканува да стане глобална пандемија, со оглед на начинот на ширење. Ширум светот државите применуваат превентивни мерки за да се заштитат што поголем број на луѓе, а потенцијалните места каде што може да се шири вирусот се затвораат. Неодамна Facebook ја објави новата апликација Hobbi, социјална мрежа која му конкурира на Pinterest како ривал.