Селото Плугасте во Бретани конкурсот го отворило во мај минатата година, а 2.000 евра добива оној кој ќе го дешифрира 200 години стариот натпис кој се наоѓа на камен на скриена плажа.
Вековната мистерија конечно била решена минатата седмица, а исто така било откриено што се крие позади буквите напишани на каменот.
Тројцата луѓе кои ја поделиле паричната награда согласни се дека натписот е поставен во знак на сеќавање на починат човек. Нивните толкувања се разликуваат, но приказните се многу слични.
Ноел Рене Тудик, наставник по англиски јазик и експерт за келтски изјавил дека оној кој што го напишал натписот бил полуписмен и дека зборувал бретонски и дека потекнува од 18-от век.
„Серж почина затоа што не бил вешт во веслање, неговиот чамец го превртел ветрот“ – гласи клучниот дел од неговиот превод.
Другиот победнички пар биле историчарот Роџер Фалигу и уметникот Алан Робе. Тие се согласиле дека натписот е напишан на бретонски јазик, но тврдат дека некои од зборовите се на велшки јазик.
„Бил олицетворение на храброст и радост на живеење. Некаде на островот е погоден и мртов е“ – гласи неговиот превод.
Во заливот во Бретани, до кој може да се стигне само за време на осека, се наоѓа камен висок еден метар на кој се исклесани 20 редови со таинствени пораки. Тој камен бил откриен пред неколку години и оттогаш е вистинска загатка за сите експерти и љубители на мистериите.
Извор: Srbija Danas