Компанијата Amazon го отвори својот прв супермаркет без каса, во кој нема чекање во ред ниту купување во кеш или поминување на картичка на каса.
Супермаркетот Go Grocery е отворен во Сиетл, градот во кој е и основан Amazon. Купувачите се регистрираат кога влегуваат во продавницата со скенирање на апликацијата на мобилен телефон. Камерите и сензорите следат што е земено од полицата, а наплатата се врши со сметка на Amazon по излегувањето од продавница.
При семејно купување, само еден телефон се скенира и преку него се купува, и сè што земаат од продавницата се наплаќа со картичката на корисникот која ја скенирал телефонот при влегувањето.
Во Лос Анџелес, планираат да отворат продавница за намирници, но од друг вид, во која нема да се користи технологија без каса, но уште не сакаат да дадат детали. Компанијата не сака да соопшти ни дали планира да отвори уште вакви продавници.
Amazon не е единствениот кој сака да отвори продавници без чекање во ред и без паричник. Претходно овој месец “7-Eleven” го најави тестирањето на таква продавница во Ирвинг, Тексас.
Извор: B92.net