Компанијата Huawei го објави датумот кога ќе ја претстави P40 серијата на смартфони.
Директорот на Huawei, Ричард Ју официјално потврди дека P40 серијата ќе биде претставена на 26. март оваа година, на специјален медиумски настан во Париз. Ова доаѓа по неодамнешноро претставувањето на подобрената верзија на првиот смартфон на преклоп со ознака MateXs.
Претставувањето на P серијата обично се случува на почетокот на годината (напролет или во вторниот квартал), а и минатогодишните модели P30 и P30 Pro исто така беа претставени во 26. март, 2019 година. Оваа година ги очекуваме P40 и P40 Pro, а можно е да ги видиме и P40 Lite и P40 Pro Premium моделите. Сепак, не е сигурно дека и тие ќе бидат претставени во истиот ден.
P40 и P40 Pro ќе имаат подобри камери во однос на претходните модели. Моделот Pro ќе има пет камери: главната камера ќе има 64 MP, телефото камерата ќе има 12 MP со 10х oптичко зумирање, ултраширока камера, сензор за длабочина и макро камера.
Главната камера би требало да комбинира 16 пиксели во 1, а тој процес се нарекува Quad Quad Bayer. Резултатот се драматично подобри перформанси во услови на лошо осветлување.
Дали овие можности ќе ги има стандардниот P40, засега не е познато.
Извор: Klix.ba