Од Facebook сооштија дека ќе забранат реклами за новиот коронавирус во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата.

Facebook објави дека ќе ги избрише содржините за вирусот со лажни информации или конспиративни теории по барање на здравствени власти и здравствени органи во светот.

Соопштението на Facebook е во момент на проверки на регулатори во светот во врска со објавувањето содржини на платформи поврзани со радикални идеологии и лажни вести.