Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде што јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, а целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.
Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.
Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде што стапката на автомобилисти е највисока.
Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишно и ќе се финансира од даноци.